Дома Фудбал Хрватите ќе се молат за Мундијалот: Модриќ сезоната во Милан ја заврши!

Хрватите ќе се молат за Мундијалот: Модриќ сезоната во Милан ја заврши!

Од Милано пристигнуваат вознемирувачки вести за Хрватите за повредата на Лука Модриќ. Капитенот на хрватската репрезентација ја скршил јагодичната коска на две места, што значи дека сезоната за него во тимот на Милан е завршена. Иако првите извештаи сугерираа дека неговото учество на Светското првенство е под знак на прашање, се очекува дека Модриќ ќе патува во Америка и можеби ќе игра со заштитна маска, наведуваат Спортске новости.

Да потсетиме, Модриќ се повреди во судир на глави со Мануел Локатели за време на дерби-натпреварот во 34-тото коло на Серија А помеѓу Милан и Јувентус (0:0). Десет минути пред крајот, Модриќ и капитенот на Јувентус се судриле при воздушна битка. Капитенот на Јувентус немаше последици, но Модриќ претрпе сериозен удар.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


По натпреварот, се врати на теренот со ладен облог. До него пријдоа играчите на Јувентус. Кенан Јилдиз зборуваше со него, а Локатели го прегрнуваше и бакнуваше, изразувајќи жалење за несреќата и посакувајќи му брзо закрепнување. На лицето на Модриќ се забележуваше модарица и оток под левото око.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул сака да потпише со „експлозивен напаѓач“

Ливерпул го има Абде Езалзоули од Реал Бетис на својата агенда за летото. Импресивните нас…