Дома Фудбал Испишуваше историја, денес живее далеку од фудбалот: Дали го препознавате? (Фото+Видео)

Испишуваше историја, денес живее далеку од фудбалот: Дали го препознавате? (Фото+Видео)

Името на Жунињо Пернамбукано и денес е инспирација за многу љубители на фудбалот, особено поради неговите маестрални голови од слободни удари што го обележаа осумгодишното владеење во дресот на Лион. Овој легендарен бразилски среден фудбалер долго време е далеку од јавноста откако крајот на 2021 го напушти местото на спортски директор во францускиот гигант и сега ретко се појавува во медиумите.

Жунињо претходно отворено зборуваше за причините за овој чекор, истакнувајќи дека клубот каде што помина најславните денови од својата кариера, значително се променил. “Лион загуби дел од својот идентитет. Не го препознавам клубот каков што беше некогаш. Порано бевме како едно семејство, сега овој дух повеќе не постои”, рече тој.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Како спортски директор, функција што ја извршуваше од 2019 година, работеше под огромен притисок и без целосна контрола. “Не ја имав целосната моќ што луѓето мислат дека ја имав. Се случија многу работи позади сцената кои не можев да ги контролирам. Оваа работа ме исцрпи повеќе одошто очекував”, објасни тој. “Доаѓав да помогнам, но во еден момент сфатив дека не можам да пружам веќе тоа што му е потребно на клубот.”

Сега Жунињо живее мирно, посветен на семејството и проекти кои немаат допирна точка со гламурозната страна на фудбалот. Неговиот изглед се промени низ годините и многу луѓе на улица не би го препознале, што, изгледа, за него е совршено.

Повремено се појавува во јавноста, најчесто за да поддржи хуманитарни акции или да сподели порака со своите следбеници на социјалните медиуми, што дополнително го засилува неговиот имиџ како скромна и повлечена легенда.

Фудбалскиот свет ќе го запомни Жунињо како еден од најдобрите изведувачи на слободни удари на сите времиња и како клучен играч на генерацијата на Лион која доминираше во францускиот фудбал од 2001 до 2009 година. Неговата умешност ја пренесе и на Миралем Пјаниќ, кој од него го учеше занаетот, а според многумина, Бразилецот останува ненадминат во овој дел од играта.

Во текот на својата кариера, играше и за Спорт Ресифе, Васко да Гама, Ал-Гарафа и Њујорк Ред Булс. За репрезентацијата на Бразил оствари 40 настапи и постигна шест гола.

Иако функцијата на спортски директор го исцрпи, неговата љубов за фудбалот не исчезна. Жунињо и понатаму внимателно ги следи случувањата во Лион и светскиот фудбал, а навивачите се надеваат дека ќе се врати во клубот, можеби во друга улога и со повеќе слобода. Но, засега се чини дека најмногу му одговара обичниот начин на живот на човек кој е препознаен само од ретки како талент што се раѓа еднаш на неколку генерации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Белингам го шири царството – купи акции во клуб за 920.000 евра

Џуд Белингам ги шири своите деловни интереси надвор од фудбалот. Англискиот репрезентативе…