
Повредата на голманот на Ливерпул, Мамардашвили не е толку сериозна како што пренесува The Athletic. Грузискиот репрезентативец се здоби со длабок посек на левото колено по судирот со Бета при победата од 2:1 во градското дерби со Евертон, и според информациите, ќе паузира меѓу две и четири недели.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во меѓувреме, самиот Мамардашвили на Инстаграм сподели фотографии од натпреварот, проследени со порака:
Фала му на Бога, сè е во ред. Ви благодарам на сите за поддршката и за тоа што сте со мене. Наскоро ќе се вратам. Го освоивме дербито и 3 важни бода.
На натпреварот со Евертон, 25-годишниот голман на грузиската репрезентација беше заменет од трет голман, Фреди Вудман, кој најверојатно ќе ја почне утакмицата на Енфилд против Кристал Палас во сабота.
Првиот голман, Алисон Бекер, кој исто така се лечи од повреда, ќе се обиде да се врати за дербито со Манчестер Јунјтед на „Олд Трафорд“, кое е закажано за 3 мај.