Дома Фудбал Флик веќе одлучил: Овие двајца можат да заминат од Барселона!

Флик веќе одлучил: Овие двајца можат да заминат од Барселона!

Летово ќе биде време за промени во Барселона, тоа веќе е јасно, независно од тоа како ќе се заврши оваа сезона.

Барселона има реални шанси да го освои шампионскиот трофеј во Шпанија, но сите добри резултати можат да бидат засенети ако брзо се елиминира од Лигата на шампионите. Секако, се’ уште има надежи, но Барса се наоѓа пред тешка мисија да се пласира во полуфиналето по пораз од 2:0 против Атлетико на домашен терен.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ханси Флик (61) не е задоволен од играта на некои од фудбалерите сезонава, и наводно успеал да ја убеди управата на клубот дека двајца од тековниот состав не му се потребни за наредната сезона 2026/27.

Маркус Рашфорд, кој е на позајмица, најверојатно ќе се врати во Манчестер Јунајтед, бидејќи напаѓачот не успеал целосно да го увери Германецот и покрај некои добри настапи.

Наводно, „Германецот не е задоволен од играта на Англичанецот без топка.“

Ако не успее да ги исполни барањата на Флик, на крајот на сезоната, Рашфорд најверојатно ќе се врати во клубот со кој има договор, иако се претпоставуваше дека Барса ќе го откупи неговиот договор.

Уште еден играч кој го изгубил местото во плановите на Флик за следната сезона е Руни Баргџи (20), според извештаите на Ел Насионал.

Тој исто така не го импресионираше Флик, но сепак треба да се спомене дека младиот талент игра на позиција која ја држи Ламин Јамал, така што и многу подобри фудбалери не би добиле шанса за значајна минутажа како десно крило на Барселона.

Сепак, останува да се види како ќе се развиваат ситуациите со овие двајца играчи до крајот на сезоната.

Покрај тоа, се очекуваат и други промени, а каталонскиот клуб би можел да се раздели и со Роберт Левандовски, бидејќи искусниот напаѓач има договор кој истекува летово, и се повеќе се верува дека нема да продолжи соработката.

Платата на Полјакот е значителна во Барселона, што е една од причините зошто клубот размислува за неговото заминување, додека клубови како Јувентус и Милан со нетрпение чекаат да го добијат без обештетување, под услов да му ги исполнат личните барања, што нема да биде лесно.

Се поставија и прашања околу судбината на Флик по поразот од Атлетико, но триумф во Шпанија би можел да биде доволен за Германецот да остане.

Енрик Масип, еден од советниците на Жоан Лапорта (претседател на Барселона), објави дека Ханси Флик ќе потпише продолжување на договорот. Тековниот договор на Германецот со Блауграна истекува летово 2027, а новиот договор би бил продолжен до 2028.

Масип посочи дека Ханси Флик е многу задоволен од неговата екипа и дека шансите за потпишување се многу поголеми отколку да не се потпише. Сепак, сето тоа ќе зависи од конечниот исход на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најк „го истражува проблемот“ во дизајнот на дресовите за Светското првенство

Еден од најголемите производители на спортска опрема во светот, компанијата „Најк“ изјави …