Дома Фудбал Детали за Луческу: Не починал ненадејно, се борел со тешка болест долго време!

Детали за Луческу: Не починал ненадејно, се борел со тешка болест долго време!

Заминувањето на легендарниот тренер Мирчеа Луческу на 80-годишна возраст предизвика огромна загуба во романскиот фудбал. Додека јавноста тагува по големиот стручњак, спортскиот новинар Раду Наум изнесе шокантни тврдења за последните месеци од неговиот живот, нагласувајќи дека неговата смртоносна болест намерно се криела од јавноста.

Поранешниот селектор на репрезентацијата на Романија замина од овој свет во вторник навечер, откако десет дена беше хоспитализиран, а последните три дена беше на одделението за интензивна нега. Иако за многумина неговата смрт беше изненадувачка, Раду Наум во емисијата „Футбал Клуб“ на каналот Диги Спорт изјави дека таа и не била сосема неочекувана.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според зборовите на Наум, Луческу се соочувал со сериозни здравствени проблеми уште од почетокот на годината. Новинарот откри дека тренерот уште во јануари добил дијагноза на леукемија, тежок облик на рак на крвта.

“Мирча Луческу не почина ненадејно според она што ни е познато. Имаше поставена дијагноза. Во одреден момент ќе мораме да ја кажеме вистината. Сите знаевме која дијагноза му беше поставена. Веќе во јануари му беше дијагностициран облик на леукемија,” изјави Раду Наум.

Особено во јавноста одекна тврдењето за огромниот напор што наводно бил вложен за сокривање на вистинската здравствена состојба на славниот тренер..

“Болеста постојано се криеше, дури и од медиумите. Мислам дека на некој начин треба да се почне отворена дебата за тоа, ако сакаме да бидеме искрени. Ако сакаме да останеме само во сјајната зона, а никогаш не се занимаваме со сенките што се меѓу нас, тие сенки можат повторно да се појават. Беше неверојатна операција за покривање на неговата исклучително тешка состојба, и тоа со негово одобрување, тоа мора да се каже,” додаде новинарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бастони не сака да го напушти Интер и веќе го соопштил тоа на Барселона

Италијанскиот репрезентативец Алесандро Бастони е силно поврзуван со трансфер од Интер во …