
Кошаркарите на Денвер Нагетс постигнаа и десетта последователна победа во НБА лигата, првпат во ерата на Никола Јокиќ, и ја продолжуваат борбата за предноста на домашен терен во плеј-офот, победувајќи ги Мемфис Гризлис со 136:119. Нов трипл-дабл запиша Никола Јокиќ, кој овојпат не се изморуваше многу.
Српскиот центар одмори во последната четвртина, а претходно имаше учинок од 14 поени, 16 скокови и 10 асистенции, што му беше 34-ти трипл-дабл во сезоната. Јокиќ шутираше 5/8 од игра и 4/5 од пенали, а тренерот Дејвид Аделман имаше тој луксуз да го зачува за последните два натпревари во сезоната, односно за почетокот на плеј-офот.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Мемфис одигра една од најслабите сезони во последните неколку години и нема шанси за плеј-ин веќе некое време, но и ваква пречка тимот од Колорадо требаше да ја совлада во својата Бол Арена.
.