Дома Фудбал Флик: Атлетико требаше да добие црвен картон, а Барселона пенал. Каква е целта на ВАР?

Флик: Атлетико требаше да добие црвен картон, а Барселона пенал. Каква е целта на ВАР?

Во петтиот натпревар помеѓу овосезонските ривали, Атлетико Мадрид во средата го совлада Барселона со 2:0. Клучниот момент се случи кон крајот на првото полувреме кога Барселона остана со играч помалку, што Атлетико успешно го искористи за да дојде до значајна победа.

По мечот зборуваше и тренерот на Барселона, Ханси Флик. “Поразот е реалност, но создадовме неколку одлични шанси. Сигурно нема да се предадеме. Убедени сме дека имавме многу можности.”

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Беше разочаран што немаше пенал по играта со рака на Пубил и смета дека требаше да добие и црвен картон. “Не сум сигурен, можеби беше за црвен картон, а можеби и не. Не знам дали имаше доволно контакт. Топката беше зад него.”

Во врска со ситуацијата со играта со рака во нивниот шеснаестник, не можам да разберам зошто ВАР не интервенираше. Разбирливо е дека грешки се случуваат, но тогаш зошто постои ВАР за вакви случаи? Тоа требаше да биде пенал и втор жолт, односно црвен картон.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од најскапиот во историјата до комплетно промашување: Живее на стара слава…

Во еден од четвртфиналните дуели на Лигата на шампионите вечерва се сретнаа ПСЖ и Ливерпул…