Дома Фудбал Слот: Среќни сме што загубивме само со 2:0

Слот: Среќни сме што загубивме само со 2:0

Бранителот на титулата европски шампиони, ПСЖ, во четвртфиналето го совлада Ливерпул со 2:0 на својот Парк на принцовите во Париз. Головите за тимот на Луис Енрике ги постигнаа Дезирe Дое и Хвича Кварацхелиа, а победата можеше да биде и поубедлива. Ова го потврди и тренерот на Ливерпул, Арне Слот, по натпреварот.

“Среќни сме што загубивме само со 2:0. Сепак, ми е жал поради првиот гол. Им оставивме минимален простор, а топката се одби до мрежата на несреќен начин. Но, ПСЖ имаше многу шанси, добро е што сме сè уште во игра. Сега одиме на Енфилд, знаејќи колку Енфилд значи за нас”, изјави Слот за TNT.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


“Мамардашвили не спаси со неколку одбрани, но против ПСЖ не може поинаку. Ви треба трудољубив тим за да им се спротивстави. Беше тешко. Кога ни беше потребен голманот, тој беше тука. Требавме да создадеме повеќе шанси, но немавме простор за тоа.

ПСЖ започна со силно темпо, ние многупати ги притиснавме високо, а тие лесно излегуваа од својата половина. Потоа се спуштивме во нисок блок и го примивме првиот гол. Натпреварот на Енфилд треба да биде целосно различен”, заврши тренерот на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од најскапиот во историјата до комплетно промашување: Живее на стара слава…

Во еден од четвртфиналните дуели на Лигата на шампионите вечерва се сретнаа ПСЖ и Ливерпул…