
Премиер лигата ќе има најмалку пет претставници во Лигата на шампионите и наредната сезона, откако втора година по ред го обезбеди ова место благодарение на високите резултати во коофициентот.
Петтото место за Премиер лигата беше потврдено во вторник навечер, по победата на Арсенал против Спортинг во првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампиони.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
УЕФА на годишно ниво доделува дополнителни места на двете лиги со најдобар коофициент, кој се пресметува врз основа на вкупните резултати на клубовите во сите европски натпреварувања. Победата на Арсенал и фактот дека девет клуба од Премиер лигата стигнаа до осминафинале во еврокуповите ја донесе Премиер лигата убедливо на првото место на оваа табела. Значаен придонес кон тоа имаа и одличните резултати на англиските клубови во групната фаза на трите натпреварувања на УЕФА.
Тековните очекувања се дека на второто место на оваа ранг-листа ќе се најде Ла Лига, што значи дека и Шпанија ќе добие дополнително место во Лигата на шампиони. Меѓутоа, оваа „борба“ се уште не е завршена бидејќи Баерн победи против Реал во вторникот, а Фрајбург сè уште треба да игра со Селта.
Доколку „се наместат работите“, Премиер лигата би можела да има и шест клуба во Лигата на шампиони следната сезона. За ова би било потребно Ливерпул да ја освои Лигата на шампиони или Астон Вила да го освојат Лига Европа и при тоа да завршат меѓу првите пет во табелата на Премиер лигата. Во таков случај, Ливерпул или Астон Вила би добиле место во Лигата на шампиони со освојувањето на европскиот трофеј, додека шесттиот во табелата од Премиер лигата би добил место по пласманот.
Доколку и Ливерпул и Астон Вила ги освојат европските трофеи, а завршат на петтото или шесттото место на табелата, тогаш седмиот од Премиер лигата би бил дел од Лигата на шампиони.
Во четвртфиналето на Лига Европа е и Нотингем Форест. Доколку „Црвените“ го освојат трофејот, би се случило истото како минатата година со Тотенхем, и тим од долната половина на табелата на Премиер лигата би се квалификувал за Лигата на шампиони, со што Премиер лигата би имала шест претставници во најјакото европско натпреварување.