
Италијанците, по горчливото исклучување од натпреварувањата за Светското првенство, би можеле да се соочат со уште еден удар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информации од светските медиуми, се јавува можност Италија да го изгуби ко-домаќинството на Европското првенство во 2032 година, коешто треба да го организираат заедно со Турција.
Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, јасно им укажа на италијанските претставници дека стадионите мора да бидат во многу подобра состојба.
Италија, како важна фудбалска нација, речиси и да нема нови стадиони освен оној на Јувентус.
Сега се отвора реална можност УЕФА да ја одземе улогата на организатор на Италија, дозволувајќи и на Турција самостојно да го приреди европскиот шампионат.