Дома Фудбал Изјавата на Бејл за Модриќ е хит: Многумина мислеа дека е премал…

Изјавата на Бејл за Модриќ е хит: Многумина мислеа дека е премал…

Гарет Бејл гостуваше во шоуто “The Overlap’s Stick to Football”, каде што зборуваше за својот поранешен соиграч Лука Модриќ, со кого долго време играше во Тотенхем, а потоа заедно освоија сите можни трофеи во Реал Мадрид. Неговата изјава ја објави страницата Football Today, а за само 24 часа ја погледаа 100 илјади луѓе.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Лука Модриќ многу ми помогна. Беше личност покрај која се чувствував пријатно во Реал Мадрид. Покажа одличност кон мене. Тоа беше играч со кого најмногу имав настапи во кариерата. На почетокот во Тотенхем имаше некои проблеми поради неговата физичка структура, бидејќи беше помал, но брзо се адаптираше и стана извонреден.

Првично беше крилен играч, играше напред и често влегуваше внатре, а јас добивав простор на страната. Некои мислеа дека е премал за да игра во средината, но тој ќе влезеше во средината, ќе промени насока брзо и покажа дека не е секогаш потребна сила”, изјави Бејл.

Бејл со Модриќ одигра повеќе натпревари (301) отколку со било кој друг соиграч. Нивните патишта прво се вкрстија во Тотенхем, а потоа поминаа девет исклучително успешни години заедно во Реал. Модриќ, еден од најдобрите играчи на сите времиња, го потврди статусот на легенда со освојувањето на Златната топка во 2018 година, откако со Хрватска стигна до финалето на Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок: Капитенот на хит репрезентацијата на Мундијалот обвинет за силување!

Додека Зеленортските Острови ја слават нивната историска шанса за влез во втората фаза на …