Дома Фудбал Анчелоти ги изгуби нервите, па „настрада“ камерманот (Видео)

Анчелоти ги изгуби нервите, па „настрада“ камерманот (Видео)

Фудбалската репрезентација на Хрватска загуби со 1-3 од Бразил во пријателски натпревар кој се одигра во американскиот Орландо на стадионот Ситрус Боул. Бразил дојде до триумфот со голови на Данило (45+2′), Игор Тиаго (88′) кој постигна од пенал и Габриел Мартинели (90+2′). Единствениот гол за Хрватска го постигна Ловро Мајер (84′). Избраниците на Златко Далиќ го претрпеа поразот откако Бразил ја обезбеди победата со головите од пенал и брзиот контранапад во последните минути на натпреварот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во третата минута видовме Карло Анчелоти каков што досега не сме го виделе. Легендарниот италијански тренер, кој од летово е селектор на Бразил, е познат како човек кој е постојано мирен и сталожен. Човек кој речиси е невозможно да го изнервираш, секогаш смирен и урамнотежен.

Меѓутоа, Дон Карло покажа дека има слаба точка за нервоза. На пример, кога камерманот му навлезе во личниот простор. Тоа се случи на почетокот од натпреварот против Хрватска. Камерманот премногу му се доближи до лицето на Анчелоти, кој луто му даде до знаење дека му пречи и дека мора да се оддалечи. Ситуацијата погледнете ја ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фенербахче не штеди средства: Гигантска понуда за Мохамед Салах во обид да ја прекине доминацијата на Галатасарај!

Мохамед Салах (33) ова лето ќе се збогува со Ливерпул по деветгодишен престој, а еден од к…