Дома Фудбал Седлоски: Македонија не е аутсајдер, ќе се трудиме да го наметнеме нашиот стил на игра

Седлоски: Македонија не е аутсајдер, ќе се трудиме да го наметнеме нашиот стил на игра

Македонија ги дозна противниците во Лигата на Европа, а селекторот Гоце Седлоски кажа дека има голема почит кон ривалите со кои ќе се соочиме во Б-конкуренцијата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Шкотска и Швајцарија се главните фаворити во групата. Станува збор за две селекции со континуитет на настапи на големи натпреварувања, учесници и на претстојното Светско првенство. Имаат квалитет и искуство на највисоко ниво. Тоа доволно зборува за предизвикот што нè очекува.

Но, ние не влегуваме во овој циклус со улога на аутсајдер. Нашата цел е да бидеме конкурентни на секој натпревар, без разлика дали играме дома или на гости. Ќе се трудиме да го наметнеме нашиот стил на игра, дисциплиниран, организиран и храбар. Да покажеме дека Македонија со право е дел од Лига Б.

Имаме генерација која веќе е зрела, имаме јасна идеја како сакаме да изгледаме на теренот и треба да веруваме во квалитетот. Со максимален фокус, посветеност и тимски дух, верувам дека можеме да одговориме на предизвикот“, кажа Седлоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси доби зелено светло од новиот тренер

Челси влегува во сосема нова ера откако е донесена конечната одлука за промена на тренерск…