Дома Фудбал Седлоски: Сакаме да покажеме дека со право сме во Лига „Б“!

Седлоски: Сакаме да покажеме дека со право сме во Лига „Б“!

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе ги дознае своите противници за новиот циклус од Лигата на нации, каде што за првпат ќе настапува во Лигата Б – друштво кое носи поголем квалитет и уште посериозни предизвици.

Ова ќе биде историски момент за националниот тим, но и вистински тест за актуелната генерација, која ќе има можност да се докаже против селекции со висок рејтинг и богато меѓународно искуство. Воедно, натпреварите од Лигата на нации ќе послужат и како важна подготовка за квалификациите за Европското првенство во 2027 година.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Селекторот Гоце Седлоски е свесен за тежината на задачата, но верува во потенцијалот на својот тим.

“Репрезентациите од првиот и вториот шешир објективно влегуваат како фаворити, со оглед на нивниот рејтинг, искуство и континуитет на големи натпреварувања. Но, тоа не значи дека однапред се знае исходот. Нашата цел е да бидеме конкурентни на секој натпревар, да го наметнеме нашиот стил и да покажеме дека Македонија со право е дел од Лига Б.

Ќе ги почитуваме сите противници, но најмногу ќе веруваме во себе. Ако бидеме организирани и фокусирани од првата до последната минута, можеме да бидеме незгоден противник за секого. Овој циклус го гледаме како нов чекор за напредок на репрезентацијата и шанса дополнително да го потврдиме нашиот квалитет.

Верувам дека репрезентацијата ќе расте низ циклусот натпревари во Лига Б и дека имаме стабилна основа за позитивни резултати”, рече Седлоски.

Жрепката ќе се одржи утре во Брисел со почеток во 18 часот. Македонија ќе влезе во извлекувањето од четвртиот шешир, каде што се и Шведска, Северна Ирска и Косово.

Носители на групите се Шкотска, Унгарија, Полска и Израел. Во вториот шешир се наоѓаат Швајцарија, Босна и Херцеговина, Австрија и Украина, додека третиот го сочинуваат Словенија, Грузија, Република Ирска и Романија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќерката на легендарниот фудбалер е вистинска „бомба: На 19 години веќе заработува богатство!

Ќерката на славниот италијански фудбалер Франческо Тоти сè повеќе го привлекува вниманието…