Дома Останати Ракомет Данска ѕвезда откри драматични детали: Завршил во болница поради срцето

Данска ѕвезда откри драматични детали: Завршил во болница поради срцето

Данска освои европско злато, во финалето беше подобра од Германија, но за најважниот натпревар на турнирот не можеше да смета на важен играч, Симон Халд.

Му се слошило на полуфиналниот натпревар против Исланд, на полувремето остана во соблекувалната бидејќи се чувствувал лошо по судирот со противничкиот играч. Прво се сомневале на повреда на главата, но потоа откриле повеќе детали:

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Паднав на земја и останав без здив. Беше како никогаш повторно да не можам да земам воздух, а срцето ми чукало силно. Се обидов да продолжам да играм, но за време на паузата почувствував дека нешто не е во ред. Ако станев, ќе се онесвестев“, открил во разговор за TV2 пред финалето.

Лекарите открија неправилности во работата на срцето, поради што го префрлија во болница, каде што го задржаа две ноќи на набљудување:

„Отчукувањата на срцето во мирност ми беа многу високи… Не беше пријатно, но ми беше кажано дека не е особено опасно. Тоа ме смири,” раскажал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Реал Мадрид го промени терминот на Вардар!

Европскиот првак Вардар ќе настапи во изменет термин на гостувањето во Лисабон против Бенф…