
Поранешниот заменик генерален директор на Сочи, Андреј Орлов, раскажа како поранешниот главен тренер на клубот, Роберт Морено (48), го користеше ЧатГПТ во работата. Морено го водеше рускиот тим од 2024 до 2025 година и испадна од лигата. Во моментов, под водство на Игор Осикин, Сочи е на последното, 16. место на првенствената табела, пишува championat.com.
Орлов го опиша Морено како тренер кој не го прифаќаше мислењата на другите. “Морено воопшто не ги почитуваше своите помошници и играчи – луѓето го чувствуваа тоа. Помошниците беа исклучиво извршители, никогаш не можеа да го одбранат својот став”, рече Орлов. Исто така ја нагласи и нефлексибилноста на Морено, бидејќи, и покрај лошите резултати, пристапот кон играта не се менуваше. „Во криза се покажа дека Морено е фан на ЧатГПТ,” додаде тој.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Како еден од примерите Орлов ја наведе подготовката за гостување во Хабаровск. „Роберт рече: ‘Сè сум смислил. Внесов сите параметри на гостувањето во ЧатГПТ. Треба да долетиме на денот на натпреварот. Во Сочи ќе тренираме час порано, а два дена пред поаѓањето ќе почнеме да тренираме во седум часот наутро,'” раскажа Орлов.
Откако Орлов ја прегледа презентацијата, увидел дека според тој план играчите не би спиеле 28 часа. „Го прашав: ‘Роберте, сè е супер, но кога ќе спијат момците?’ Морено внесе нови параметри, презентацијата се ажурираше. На крајот, отидовме според распоредот составен од ЧатГПТ.”