Дома Фудбал Мурињо изненаден од одлуката на Јунајтед: Кога се избира тренер без искуство, тоа е големo изненадување

Мурињо изненаден од одлуката на Јунајтед: Кога се избира тренер без искуство, тоа е големo изненадување

ЖОЗЕ МУРИЊО искажува индиректна критика кон својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед по именувањето на Мајкл Керик како привремен тренер до крајот на сезоната. Тренерот на Бенфика беше изненаден од одлуката да се ангажира поранешниот менаџер на Мидлсброу, кој беше дел од стручниот тим на Мурињо додека ги предводеше Црвените ѓаволи, пишува Goal.com.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако Керик прослави победа против Гвардиола и неговиот Сити, 44-годишниот беше критикуван од својот поранешен шеф, Жозе Мурињо. По повлекувањето на Керик од професионалниот фудбал во летото 2018 година, тој ги започна своите тренерски чекори во тимот на Мурињо.

Таму мина шест месеци, додека Мурињо не доби отказ во декември истата година. Мурињо го презеде Јунајтед во 2016 и во првата сезона ја освои Европската лига и Карабао купот. И покрај нивната заедничка историја, Мурињо ја доведе во прашање одлуката на Јунајтед да го ангажира Керик, префрлувајќи дека работата требаше да ја добие поискусен тренер.

Иако не ги спомена директно ниту Јунајтед ниту Керик, Мурињо по поразот на Бенфика од Јувентус со 2:0 во Лигата на шампионите во среќата изјави: „За мене е изненадување кога тренери без искуство и без завршена работа добиваат можност да ги водат најзначајните тимови на светот; тоа е вистинско изненадување.“

Додаде: „Кога Милан го ангажира Макс Алегри, кога Јувентус го зема Лучијано Спалети или кога Рома избира Џан Пјеро Гасперини, тоа никогаш не се изненадувања.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Богат европски клуб го бара Малдини за директор

Паоло Малдини нема ангажман откако ја напушти позицијата технички директор на Милан. Зошто…