
Арне Слот, тренерот на Ливерпул, ја анализираше убедливата победа на неговиот тим со 3:0 против Олимпик Марсеј на гостински терен, во рамките на седмото коло од Лигата на шампионите.
Тренерот на тимот го истакна значењето на успехот за неговата екипа.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
– Ова можеше да биде комплицирано гостување поради нивните навивачи, како и поради играчите и тренерот. Требаше да бидеме на високо ниво и тоа го постигнавме. Во контранападите можевме да бидеме поуспешни. Одигравме позитивно, бидејќи постигнавме три гола и тоа секако придонесе за општа позитивна атмосфера, многу повеќе отколку кога од пет шанси погодуваме по една – изјави Слот.
Минатата година, реализацијата беше проблем за англискиот клуб, но Слот верува дека и во тие натпревари Ливерпул беше доминантен тим на теренот во поголемиот дел од времето.
– Од последните 13 натпревари останавме непоразени и бевме во резултатски заостаток само 54 минути. Имавме шанси да осигуриме победа уште порано. Веројатно, ова ни беше заслужено. Не бевме толку несреќни како што беше случај многупати оваа сезона – додаде Слот.