
Меѓународната организација на фудбалски федерации го одби предлогот за промена на правилото за офсајд во фудбалот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Идејата ја имаше Арсен Венгер, легендарниот тренер на Арсенал, кој му предложи на фудбалскиот свет да ја промени регулативата за офсајд. Францускиот тренер предложи новото правило за офсајд да значи дека напаѓачкиот играч треба со целото тело да биде пред дефанзивниот играч за судијата да ја подигне знаменцето.
Оваа идеја веќе некое време е присутна, а конечно дојде на разгледување во Меѓународната организација на фудбалски федерации. Меѓутоа, претседателското тело за промени на регулативите рече – не!
Правилото за офсајд нема да се менува ниту сега, и ќе остане актуелно постојното. Офсајдот на Венгер веројатно би ја зголемил бројката на голови, и би било полесно забележливо, имајќи во предвид дека повеќе нема да се гледа дали раката или рамото биле во офсајд, туку играчот би морал со целото тело да биде пред дефанзивецот.