Дома Фудбал Готово: Заврши сагата со Мато!

Готово: Заврши сагата со Мато!

Според најновите информации што пристигнуваат од Шкотска, Вардар и Хартс постигнале согласност околу трансферот на Роџерс Мато.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Скопскиот клуб претходно ја одбил првата понуда од 350.000 евра, но шкотскиот прволигаш во меѓувреме ги договорил личните услови со напаѓачот од Уганда и веќе било извесно дека тој од лето ќе се пресели на „Тајнкасл“.

За да не остане без обештетување, Вардар повторно седнал на преговарачка маса, по што е постигнат договор Мато да замине во Шкотска уште во овој зимски преоден рок.

Во Хартс, Мато ќе ја има улогата на замена за Лоренс Шенкленд, капитенот и најдобар стрелец на тимот, кој се здоби со повреда и ќе отсуствува од терените меѓу шест и осум недели. Токму поради тоа, раководството на шкотскиот клуб инсистирало трансферот да се реализира веднаш.

Засега не се објавени детали за финансиската страна на договорот и сумата што Вардар ќе ја инкасира од продажбата на својот најдобар фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трансфер од 150 милиони евра: Играчот се согласи, а сега Ливерпул тргна на сè или ништо

Иако досегашниот дел од преодниот рок ни донесе навистина неколку звучни трансфери, се чин…