Дома Фудбал Барселона активира трансфер кој се чека со години!?

Барселона активира трансфер кој се чека со години!?

Бернардо Силва и Барселона? Изгледа дека Португалецот конечно ја дочека својата шанса да го оствари сонот.

Новинарот Хосе Алварез ноќеска во живо во емисијата „Ел Чирингито” ја лансираше бомбата – Барселона сака да го доведе Бернардо Силва како слободен играч следното лето! 

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ако го изземеме минатото лето, кога Ханси Флик сметал дека засилување на таа позиција не му е потребно, со години наназад Барселона и Бернардо Силва беа тема во медиумите ширум Шпанија и Англија. 

Силва беше особено близу во летото 2023 година, кога се прости од „Етихад” по натпреварот во Комјунити шилд, но Барселона немаше пари за да го реализира трансферот. Силва отсекогаш сакал после Сити да оди во Каталонија, каде што има и роднини и пријатели и често патува во овој град на одмор. 

Силва го застапува и Жорж Мендеш, голем пријател на Ѓоан Лапорта, што дополнително ги олеснува преговорите за личните услови. Силва нема да има големи барања, свесен е дека ова му е последната шанса за уште еден голем клуб, бидејќи е на прагот на 32. година, која ја полни во август. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Личните услови се договорени: Французин доаѓа на местото на Влаховиќ

Жан-Филип Матета ги договори сите лични услови со Јувентус и чека разврска на преговорите …