Дома Фудбал Флик разочаран како никогаш досега: Ѕвезда во подем ја напушти Барселона

Флик разочаран како никогаш досега: Ѕвезда во подем ја напушти Барселона

Нема многу млади фудбалери на светот кои би одбрале да – во момент кога Барселона ги гледа како значаен дел од проектот за иднината – го напуштат клубот. 

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Педро Фернандез Сарименто познат како Дро е момче кое пред пет дена наполни 18 години и за кого се тврдеше дека со Ламин Јамал, Педри, Пау Кубарси и Гави треба да ја сочинува основата на Каталонците во следните десетина и повеќе години.

„Во Барса имаме многу таленти, но еден кој особено ми се допаѓа е Дро. Многу е добар, полн со квалитет и се изгледа лесно за него”, изјави Педри пред неколку месеци.

Што пресудило момчето кое поминало низ Барсината академија одеднаш да одлучи да си оди од клубот за сега не е познато. Но, тој во договор со својот агент и соопштил на Барселона дека сака да си замине до крајот на јануари и тоа ќе се случи за само 6.000.000 евра колку што изнесува неговата откупна клаузула. 

Сето тоа, јавуваат медиумите блиски до Барселона, целосно го изненадило Ханси Флик кој наводно ја оценил одлуката на Дро како “разочарување на животот”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Контроверзија на натпреварот на Аргентина: Легенда тврди дека голот на Меси не требаше да биде важечки

Меси го доведе Аргентина во водство во 38. минута по одлично изведена акција во натпреваро…