Дома Фудбал Хет-трик на Миовски во Шкотскиот куп (ВИДЕО)

Хет-трик на Миовски во Шкотскиот куп (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски го одигра својот најдобар натпревар во дресот на Глазгов Ренџерс постигнувајќи хет-трик.

Тој трите гола ги постигна на дуелот од 1/16 финалето на Шкотскиот куп против екипата на Анан Атлетик.

Првиот гол Миовски го постигна во 12.минута со што ја отвори серијата, а 20 минути подоцна беше стрелец и на вториот гол за водство од 2:0. На почетокот на вториот дел Глазгов Ренџерс поведе со 3:0, а третиот гол или четврти за неговиот тим Миовски го постигна откако реализираше удар од белата точка.

Конечните 5:0 беа поставени во самиот финиш на дуелот, а Глазгов Ренџерс успеа да се пласира во осминафиналето од куп натпреварувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Jувентус го враќа поранешниот голман

Полскиот чувар на мрежата, Камил Грабара, се соочува со раскинување на лигаментите на коле…