
Македонскиот ракометен гигант Вардар соопшти дека потпишал долгогодишен договор со младиот ракометар Бобан Поповски.
Поповски веќе има богато искуство, но и индивидуални и екипни успеси.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Поповски ги направи првите ракометни чекори во екипата на Преспа, по што следуваше развоен период во Алкалоид, каде настапуваше за младинските и кадетските селекции. Во актуелната сезона тој е дел од Мулти Есенс, настапувајќи за првата екипа во Првата лига, но и како стандарден член на младинскиот и кадетскиот состав.
На репрезентативно ниво, Поповски е кадетски и младински репрезентативец на Македонија. Особено се истакна на квалификациите за кадетското европско првенство, каде беше најдобар стрелец, потврдувајќи го својот голгетерски инстинкт и лидерски потенцијал.
Во досегашната кариера има освоено трофеј во Пионерската лига, како и во Кадетската лига, а во 2024 година беше прогласен за МВП на Пионерскиот Ф4 турнир. Минатата сезона беше дел од Ол-стар тимот на кадетскиот Ф4, а има и трофеј во Младинската лига, што дополнително го потврдува неговиот континуиран напредок“, соопшти Вардар.