Дома Фудбал Јунајтед блиску до промоција на новиот тренер, но тоа нема да биде Оле Гунар Солшер

Јунајтед блиску до промоција на новиот тренер, но тоа нема да биде Оле Гунар Солшер

Откако Манчестер Јунајтед го отпушти Рубен Аморим минатата недела, екипата привремено ја презеде Дарен Флечер кој не успеа да ги “раздрма” во двете натпревари колку што ги водеше.

Поточно, ремито против Барнли и елиминацијата од Брајтон во ФА Купот само ја влошија ситуацијата во клубот кој и онака е на тенок мраз. 

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Токму затоа се работи со забрзано темпо на наоѓање решение до крајот на сезоната бидејќи Дарен Флечер не е тоа, а откако првата опција беше Оле Гунар Солшер кој сам се понуди, клубот има нешто различна визија во овој момент.

Имено, на пол-позиција за клупата на Јунајтед во овој момент е Мајкл Керик кој одржа позитивен контакт со групацијата INEOS под водство на сер Џим Ретклиф и менаџментот на “ѓаволите”, известува Фабрицио Романо.

Така, Оле Гунар Солшер е ставен „на чекање“ засега.

Мајкл Керик веќе беше на клупата на Манчестер Јунајтед откако работеше како помошник токму на Оле Гунар Солшер, за да привремено го преземе тимот кога Норвежанецот доби отказ. Го водеше околу десетина дена пред да биде именуван Ралф Рангник за нов шеф на струката.

Потоа работеше во Мидлсбро каде играше во формација 4-2-3-1 без топка и 3-2-5 кога тимот е офанзивен со посед. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато име се враќа во трката за Душан Влаховиќ

Барселона важи за главен фаворит кога станува збор за потписот на Душан Влаховиќ, но не мо…