Дома Фудбал Легенда на Ливерпул откри дека се борел за живот: Беше страшно, не можев да дишам

Легенда на Ливерпул откри дека се борел за живот: Беше страшно, не можев да дишам

Јан Раш (64), легендарниот поранешен напаѓач на Ливерпул, откри дека неодамна се борел за својот живот откако изгубил свест во својот дом. Иконата на Црвените и Велс итно бил пренесен во болница на 11-ти декември поради, како што велат, “супергрипа”. Првите два дена ги поминал на одделението за интензивна нега поради сериозни проблеми со дишењето.

Сега, по целосното закрепнување, 64-годишниот Раш ги соопшти деталите за својот тешок период на BBC Sport. “Размислував за најлошото и помислив дека ова би можело да биде крајот. Не можев да дишам. Си беше многу тешко и благодарен сум на лекарите кои ми помогнаа. Неколку пати помислив дека можеби нема да бидам тука долго. Но сега се чувствувам посилен и многу подобро,” изјави Раш, истакнувајќи ја поддршката од неговата партнерка Карол:

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Тоа беше застрашувачко искуство. Мислев дека е крај бидејќи не можев да дишам и ме фати напад на паника. Карол беше одлична. Таа ми помогна со дишењето, што ми даде повеќе време додека чекавме итната помош.”

Ова искуство му овозможило, како што вели, нова перспектива кон животот. “Ми даде голем поттик. Во 2026 година ќе направам неколку промени, бидејќи морам да обезбедам сите нештата да бидат на своето место ако нешто ми се случи,” објасни Раш. Тој е исто така благодарен на поддршката од клубот на Енфилд. “Ливерпул беше многу добар. Ми рекоа да земам колку што ми е потребно време за одмор. Тогаш знаеш дека тоа е навистина семеен клуб.”

Раш неодамна поминал време и со други фудбалски величини, како Бразилецот Роналдо и италијанските ѕвезди Роберто Баџо и Алесандро Дел Пјеро. “Малите работи, како средбата со Баџо, кој живеел во истата куќа каде што бев за време на играњето во Јувентус, многу значат. И тоа ми дава енергија да продолжам,” сподели Раш, додавајќи:

“Некои од овие легенди освоиле Светски првенства, а јас знам дека не сум, но она што можам да го направам е да се осврнам наназад и да кажам дека бев добар и дека сум рекордер на Ливерпул по бројот на постигнати голови. Тоа ме прави горд.”

Јан Раш е жива легенда на Ливерпул, со кој во два мандата освои пет титули во Првата дивизија, два Купа на шампионите, три ФА купа и пет Лига купови. Во осум сезони беше најдобар стрелец на клубот и останува рекордер по број на постигнати голови.

За репрезентацијата на Велс одигра 73 натпревари и постигна 28 голови, што го става на второто место по постигнати голови, веднаш зад Герет Бејл. Освен за Ливерпул, во својата богатa кариера играше и за Честер, Јувентус, Лидс, Њукасл, Шефилд Јунајтед и Рексам, а кариерата ја заврши во австралискиот Сиднеј Олимпик.

По играчката кариера, Раш кратко време се окуша како тренер, најпрво како тренер на нападот во Ливерпул, а потоа и како менаџер на Честер, што беше неговиот единствен самостоен менаџерски ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешен фудбалер на Арсенал стана тренер во тимот на Мбапе!

Откако му асистираше Тјери Анри во младинската репрезентација на Франција, а потоа работеш…