Дома Фудбал Taжна вест од македонскиот фудбал: Почина Васил Рингов

Taжна вест од македонскиот фудбал: Почина Васил Рингов

Македонскиот фудбал денеска е завиен во црно. Почина Васил Рингов, едно од најголемите имиња што некогаш зачекориле на домашната фудбалска сцена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рингов беше поранешен репрезентативец на Македонија и Југославија, а најдлабок белег во кариерата остави носејќи го дресот на Вардар. Во текот на богатата фудбалска приказна настапуваше и за Партизан, Тетекс и Беласица, клубот во кој ги направи првите професионални чекори.

Во редовите на скопскиот гигант одигра над 200 натпревари и постигна 93 погодоци, бројки кои го вбројуваат меѓу најзначајните фудбалери во историјата на клубот.

Васил Рингов почина по кратко боледување, на 70-годишна возраст, оставајќи зад себе огромно наследство и неизбришлива трага во македонскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Беше одличен за Холандија на Мундијалот, го сакаа гиганти и направи неочекуван трансфер!

Досегашниот фудбалер на Вест Хем, Крисенсио Самервил, потпиша денеска четиригодишен догово…