Дома Фудбал Oфицијално: Брендан Роџерс има нов клуб!

Oфицијално: Брендан Роџерс има нов клуб!

Фудбалскиот клуб Ал Кадисија од Саудиска Арабија денеска официјално објави дека нов тренер на клубот е Брендан Роџерс, определба која ја најавивме ден претходно на нашиот портал.

Поранешниот стратег на Ливерпул и Лестер успеа да го обезбеди својот следен ангажман, прв надвор од Обединетото Кралство, само шест недели по неговото заминување од Селтик.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Од Селтик се раздели на 27 октомври, завршувајќи го вториот тренерски мандат проследен со критики од главниот акционер Дермот Дезмонд кој изјави дека однесувањето на Роџерс “создало токсична атмосфера во клубот”.

Во денешното соопштение за именувањето на Роџерс, Ал Кадисија го претстави како “светски реномиран тренер”, додавајќи дека неговото назначување “ја одразува амбицијата на клубот”.

Ал Кадисија моментално се наоѓа на петтото место во табелата на Саудиската Про лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиерот на Обединетото Кралство го повика Абрамович да ги ослободи парите од продажбата на Челси, за да бидат донирани на Украина.

Премиерот на Обединетото Кралство, сер Кир Стармер, го предупреди Роман Абрамович дека „вр…