
Фудбалерите на Барселона запишаа уште една победа во шпанската Ла Лига, овојпат против Осасуна со 2:0 на натпревар од 17-то коло на стадионот Ноу Камп.
Каталонците вечерва пред своите навивачи ја одбележаа својата седма последователна победа во домашното првенство, иако до неа дојдоа со доста труд.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Осасуна вечерва на Ноу Камп пружаше сериозен отпор, а попушти само во 70. минута, кога Рафиња постигна прекрасен гол од 20 метри.
Гол на Рафинха
— MessiMania (@M10Update) December 13, 2025
Асистенција на Педри pic.twitter.com/NsM5L1osFK
Тогаш Бразилецот ја затресе мрежата по асистенција на Педри, а истиот играч беше стрелец и на вториот гол на Барселона во 86. минута.
Рафинња се снајде одлично по додавањето на Жул Кунде од десната страна и грешката на одбраната на Осасуна. На Бразилецот му остана полесниот дел од работата.
Со ова, Барселона ја зголеми предноста над Реал на седум бодови и се зацврсти на врвот, иако Реал треба допрва да го одигра својот натпревар од ова коло.
Осасуна моментално е на 16-то место на табелата со 15 бода и јасно е дека ќе остане во борба за опстанок до крај на сезоната.