Дома Фудбал Доаѓа замена за Левандовски: Флик има на мета еден од најдобрите напаѓачи во светот

Доаѓа замена за Левандовски: Флик има на мета еден од најдобрите напаѓачи во светот

Барселона веќе сериозно работи на плановите за следната сезона, и чини се дека една од главните мети на пазарот е Лаутаро Мартинез.

Капитенот на Интер се споменува како потенцијален наследник на Роберт Левандовски, кој се приближува кон крајот на својата авантура на Камп Ноу.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Ханси Флик наводно бара напаѓач кој може да донесе енергија, ефикасност и долгорочна стабилност на врвот на нападот.

Токму затоа името на аргентинскиот голгетер се појавува сè почесто во круговите блиски до каталонскиот клуб.

Лаутаро веќе со години е меѓу најопасните напаѓачи во Европа и редовно постигнува голови во Интер.

Неговите физички одлики, техничката зрелост и способноста да игра како класична и подвижна деветка го прават дополнително привлечен избор.

Барселона веќе извесно време се соочува со потребата за освежување на офанзивниот дел на тимот, особено со оглед на годините на Левандовски.

Според шпанските медиуми, и самиот Лаутаро Мартинез е отворен за можноста за премин во Шпанија.

Аргентинецот, наводно, изразил интерес да започне нова фаза од својата кариера во еден од најголемите клубови во светот. Идејата да игра во Ла Лига и соработка со Ханси Флик наводно му дополнително одговараат.

Сепак, Барселона ќе мора да најде финансиски модел за реализација на таков трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите бесни: ФИФА претерува со цените на билетите за Светското првенство!

На извлекувањето за Светското првенство, ФИФА повеќепати ја истакнуваше брзината со која с…