
Пеп Гвардиола е добро познат по тоа што емотивно го доживува секој потег на своите играчи на теренот. Тренерот на Манчестер Сити крај аут-линијата интензивно ги следи натпреварите, како самиот да ја игра утакмицата. Така ја предводеше екипата против Реал во Лигата на шампионите. Сити извојува победа со 2:1, а внимание привлече снимка на која се гледа како Пеп им дава насоки на играчите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тоа го прави на начин кој вклучува интензивна гестикулација со рацете и стапалата. Гвардиола делува мелодраматично при давање упатства, како некој што изведува пантомима. Се фрла покрај теренот, се извива, си удри по главата и гледа нагоре кон небото. Деловите од неговиот посебен знаковен јазик, кој што го употребува за да комуницира со играчите, изгледаат внимателно осмислени и имплементирани.
Анимирани насоки на Пеп Гвардиола покрај терен против Реал Мадрид
byu/Chiswell123 insoccer