Дома Фудбал (Видео) Изградиле стадион за шест месеци: Добија фудбалски рај, навивачите останаа без зборови

(Видео) Изградиле стадион за шест месеци: Добија фудбалски рај, навивачите останаа без зборови

Неверојатен подвиг направија во шпанската Сарагоса во 2025 година, а можеме слободно да кажеме дека остварија мало архитектонско чудо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кога беше официјализирано дека стадионот Ла Ромареда, домот на Сарагоса, ќе биде домаќин на Светското првенство 2030 година, во овој шпански град започнаа со интересен план.

Реконструкцијата на Ла Ромареда започна и стадионот ќе се уреди за потребите на Мундијалот, што значеше дека второлигашот Сарагоса мораше да се префрли од својот домиште.

Имаше опции да играат во друг град додека траат работите на нивниот стадион, но во градот дојдоа до неверојатна идеја.

За само половина година, изградиле монтажен стадион “Иберкаја”, со капацитет од 20.000 гледачи и на него домашните натпревари ги игра Сарагоса додека траат работите на Ла Ромареда.

„Иберкаја“ стадионот е навистина мало чудо. Вкупната градба изнесувала околу 5,6 милиони евра, а уште повеќе изненадувачки е дека стадионот бил изграден само за половина година!

Поточно, работите започнале во јануари 2025 година, а првиот натпревар е одигран на 30 јули 2025 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Швајцарија во петтата минута од судиското продолжение – Храбриот Катар дојде до многу важен бод (Видео)

Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Во 21 часот по наше време беше одигран натпрева…