
Лидерот на табелата, екипата Сутјеска, стигна до победа на тешкото гостување кај Младост од Дола Горица
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Посебно ќе се памети погодокот на Балша Тошковиќ во 85. минута.
Тој ја следеше топката од играчот на Младост кон голманот на таа екипа, а најдобро е самите да го видите што се случи во оваа комична ситуација.
Сутјеска претходно загуби предност од два гола која ја стекна со головите на Копитовиќ во 33. и Ражнатовиќ во 51. минута, бидејќи за домаќините погодија Алмеида во 56. и Фауст во 64. минута.
Сутјеска по 17 натпревари е прва на табелата со 33 бодови, а тоа се четири повеќе од второпласираниот Морнар и шест повеќе од Дечиќ кој има и еден натпревар помалку.
.