Дома Фудбал Гвардиола се налути: Халанд не може секој натпревар да игра по 95 минути

Гвардиола се налути: Халанд не може секој натпревар да игра по 95 минути

Тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола ја презеде целосната одговорност за поразот на својот тим од Баер (0-2). Каталонецот ја смета за грешка промената на дури 10 играчи, и со овој изгубен натпревар ги комплицираа своите шанси да избегнат плеј-оф, каде минатата сезона испаднаа од Реал Мадрид.

Етихад доживеа последен пораз на Граѓаните во Лигата на шампионите пред длабоки седум години, иако во игра влегоа Халанд и Фоден, не успеаја да направат пресврт.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Ја преземам одговорноста, но сакам сите да бидат вклучени. Кога сте фудбалер и не играте пет, шест, седум натпревари, тоа е тешко. Можеби имаше премногу замени. Кога сте во голем тим, треба да се покажете. Можеби играчите кои редовно играа во последно време ќе имаа повеќе самодоверба“, рече Гвардиола.

Тој истакна и што очекува од нив.

„Пробијте ги линиите, создавајте движење, приближете се и направете го она што треба. Имаме многу натпревари. Не може Халанд секој пат да игра 95 минути, ни требаат свежи нозе. Но беше премногу. Тоа беше првпат во животот да го направам тоа, и беше премногу.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија сигурна против Тиквеш во Кавадарци (Видео)

Екипата на Шкендија лесно се справи со Тиквеш и на гости во Кавадарци славеше победа од 4-…