Дома Фудбал УЕФА го казни Луис Диас со три натпревари, Баерн ќе се жали

УЕФА го казни Луис Диас со три натпревари, Баерн ќе се жали

Крилниот играч на Баерн Минхен, Луис Диас, доби казна од три натпревари поради црвениот картон што го доби во натпреварот против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите. Според “Билд”, оваа одлука на дисциплинската комисија на УЕФА непријатно го изненади раководството на баварците, кое очекуваше стандардна казна од еден натпревар. Од “Алијанц Арена” побарале од челниците да добијат писмена верзија на мотивите за одлуката, за да можат да поднесат жалба.

Ако Баерн не успее да ја намали казната на Диас, тоа ќе значи дека тимот ќе биде без колумбиецот во натпреварите против Арсенал, Спортинг Лисабон и Ројал Унион СЖ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поранешниот играч на Ливерпул е во одлична форма од почетокот на сезоната и има 11 голови и пет асистенции во сите турнири. Во натпреварот со ПСЖ (2:1) тој ги постигна двата гола за својот тим, но беше исклучен веднаш пред паузата поради бесмислено и многу грубо прекршување против Ашраф Хакими.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус се договори со младинец на Барселона за летото, но го сака уште сега

Во Јувентус се договориле со десниот бек на Селта, Оскар Мингеса, за неговото доаѓање во к…