Дома Фудбал Македонија денеска ќе го дознае ривалот во баражот за СП

Македонија денеска ќе го дознае ривалот во баражот за СП

Македонската фудбалска репрезентација на денешната ждрепка од 13 часот ќе го дознае противникот во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство (СП) во 2026 година.

Македонија се наоѓа во четвртиот шешир, заедно со Шведска, Романија и Северна Ирска, а ќе игра против еден од тимовите во првиот шешир.

Во првиот шешир се наоѓаат Италија, Данска, Турција и Украина.

Полуфиналните дуели се закажани за 26 март, а финалето за 31 март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеколен распоред само што почнува, а Барселона би можела да остане без најдобриот стрелец

Одличниот Бразилец беше заменет на полувремето од натпреварот против Австралија поради неу…