
Двата фудбалски тима од Милано, Интер и Милан, имаат амбициозни планови да ги зголемат приходите најмалку двојно преку нивниот иден заеднички стадион, за кој е планирано да биде завршен до 2031 година.
Според проценките на управите на клубовите, секоја екипа би можела да заработи до 180 милиони евра годишно благодарение на модерната мултифункционална арена која ќе биде активна во текот на целата година, а не само на деновите на натпревари.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Новиот стадион би се градел со капацитет од околу 71.500 седишта и ќе биде дизајниран како вистински генератор на постојани приходи за клубовите.
Тој ќе се разликува од сегашниот Сан Сиро, бидејќи објектот ќе функционира секојдневно — со најразлични содржини, ресторани и настани кои ќе се одржуваат надвор од фудбалските средби.
Во моментов, Интер и Милан остваруваат околу 80 милиони евра по сезона од сегашниот стадион, но планот е од сезоната 2031/2032 — кога новиот стадион треба да биде отворен, во пресрет на Европското првенство 2032 каде што Италија ќе биде ко-домаќин со Турција — таа сума да се зголеми за дополнителни 100 милиони.