
Француската тенисерка Осеан Додин (29) во кариерата има заработено повеќе од 2,3 милиони евра, најдобро рангирана беше во 2017 година кога беше 46. тенисерка во светот, но сега е во центарот на вниманието поради – нејзините гради.
По девет месеци пауза, се врати на тениските терени, играше на ИТФ турнирот во Реимс, но повеќе се зборуваше за нејзиниот физички изглед отколку за играта. Додин направила естетска операција на градите и, како што тврди, станала прва тенисерка што се одлучила за таков чекор.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Да, во овој спорт тоа не е вообичаено. Знам дека никој пред мене не го направил тоа, знаев дека луѓето ќе зборуваат, но за мене тоа не е ништо чудно. Тоа се само гради, ништо посебно. Можеби луѓето ќе зборуваат бидејќи е ново и невообичаено, но не толку колку што мислев“, изјави таа.
Тврди дека добила низа непријатни прашања од мажи, а особено ја вознемири прашањето на новинар кој ја праша дали може воопшто да игра тенис по операцијата на градите:
„Секако дека можам да играм! Да, градите се големи, но тоа не значи дека не можам да се движам. Има тенисерки со поголеми гради од моите и тие сè уште играат. Мои се само вештачки, тоа е се“, кажа таа.