
Нико Паз е еден од најдобрите играчи во Серија А оваа сезона, а неговите настапи очекувано го поставија на радарите на големите клубови.
Според најновите информации, Интер има сериозен интерес за извонредниот аргентински фудбалер и е подготвен да понуди 60.000.000 евра за неговиот трансфер.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Сепак, во оваа ситуација значајна улога има Реал Мадрид, кои можат следното лето да го вратат за само 9.000.000 евра. Изгледа дека Флорентино Перез ќе ја искористи оваа опција, а потоа ќе видиме дали ќе го продаде повторно и заработи.
На таа позиција во Реал има силна конкуренција, со играчи како Џуд Белингем, Арда Ѓулер и Франк Мастантуно, па останува да видиме кои ќе бидат одлуките на Флорентино Перез и Чаби Алонсо.
Нико ПаЗ има 21 година, со двојно државјанство, иако е роден во Шпанија, реши да игра за Аргентина, од каде потекнува.
За Аргентина има одиграно шест натпревари од својот деби во октомври минатата година.
Паз ги помина сите младински категории на Реал Мадрид, а потоа беше продаден на Комо летото 2024 година за само 6.000.000 евра.