
Капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, ќе мора да направи подолга пауза.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Норвежанецот беше заменуван три пати по ред во натпреварите од Премиер лигата, а станува збор за потешка повреда отколку што првично се мислеше. Наводно, паузата ќе трае минимум еден месец, а можеби дури и осум недели.
Така, Одегард ќе пропушти значаен број натпревари во следниот период. Се спекулира дека ќе биде подготвен дури по ноемвриската репрезентативна пауза, која започнува на 8 ноември. Дотогаш нема да игра против Фулам, Атлетико Мадрид, Кристал Палас, Брајтон во Лига купот, Барнли, Славија од Прага, како и на гостувањето кај Сандерленд.
Се очекува сега Еберечи Езе да добие поголема минутажжа и да го замени Норвежанецот на позицијата “десетка”. Меѓутоа, не треба да се заборави ни на Микел Мерино.