Дома Останати Тенис Тениска бајка: 204-от тенисер на светот го освои Шангај

Тениска бајка: 204-от тенисер на светот го освои Шангај

Валентин Вашро заокружи еден од најневеројатните настапи во историјата на тенисот, станувајќи најнискорангираниот играч што освоил Мастерс 1000 титула, откако во финалето на турнирот во Шангај со пресврт го победи својот братучед Артур Риндеркнех со 4-6, 6-3, 6-3.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Од порака до пријател пред шест недели во која вели “ќе одам да се пробам на турнирот во Шангај”, до кревање на трофејот во финалето кое го одигра со својот братучед, тоа е приказната на Валентин Вашеро.

Како 204. играч на АТП-листата, тој едвај влезе во квалификациите и тоа благодарение на неколку откажувања поради повреди. Тој е само третиот квалификант што освоил Мастерс титула во 35-годишната историја на овој формат и првиот тенисер од Монако со АТП-трофеј. На патот до титулата, меѓу другите, гo елиминираше и Новак Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лина Ѓорческа ќе се бори за место на Ролан Гарос!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го потврди учеството на вториот гренслем т…