Дома Фудбал Ретклиф има план кој ќе ги налути навивачите на Јунајтед, но ќе го израдува Аморим

Ретклиф има план кој ќе ги налути навивачите на Јунајтед, но ќе го израдува Аморим

Сопственикот на Манчестер јунајтед, Сер Џим Ретклиф, и покрај слабите резултати на клубот, нема намера да ја менува тренерската позиција и целосно му ја дава довербата на Рубен Аморим, објави „The Athletic“.

Според информациите, дури и доколку „црвените ѓаволи“ забележат нов пораз овој викенд, Ретклиф не планира да донесе брзи одлуки. Неговиот став е дека португалскиот стратег треба да ја води екипата низ целата сезона, без разлика на моменталната форма и резултатите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Одлуката на сопственикот е сигнал дека на „Олд Трафорд“ сакаат стабилност и трпеливост, за разлика од минатите години кога честите тренерски смени создадоа дополнителни проблеми во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Астрономска сума: Откриена платата на Марк Геи во Сити

Англискиот штопер Марк Геи оваа зима ќе го засили Манчестер Сити, а сега е откриена и него…