
Што е дозволено за едни, не е за други! Нов инцидент на тенискиот терен покрена лавина од реакции и ги потсети сите на сцената поради која Новак Ѓоковиќ во 2020 година беше дисквалификуван од Отвореното првенство на САД.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овој пат во главната улога – Ботик ван де Зандшулп, холандски тенисер кој во првото коло на Мастерсот во Шангај направи вистински циркус, но помина без сериозни последици!
По изгубениот сервис во првиот сет против Португалецот Нуно Боргеш, Холанѓанецот прво ја испрати топката во бес надвор од стадионот, а потоа го фрли рекетот кој заврши во публиката, за малку погодувајќи неколку гледачи!