Дома Фудбал Неверојатниот Кејн со 100. гол за Баерн го сруши рекордот на Роналдо и Халанд

Неверојатниот Кејн со 100. гол за Баерн го сруши рекордот на Роналдо и Халанд

ХАРИ КЕЈН вчеравечер оствари уште еден неверојатен рекорд, станувајќи играчот кој најбрзо стигнал до 100 погодоци за еден клуб во една од петте најсилни европски лиги од 1992 година. Капитенот на англиската репрезентација постигна два гола во убедливата победа на Баерн со 4:0 над Вердер.

Историскиот 100-ти гол против Вердер

Екипата на Винсент Компани прва поведе со голот на Џонатан Тах, а Кејн во последните минути од првото полувреме ја зголеми предноста откако сам го заработи и изведе пеналот. Својот втор гол, а воедно и јубилејниот 100-ти за баварскиот гигант, го постигна во 65. минута. Конечните 4:0 ги постави Лаимер, со што Баерн продолжи со својот непоразен низ на почетокот од сезоната.

Побрз од Роналдо и Халанд

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Со ова постигнување, 32-годишниот Кејн, кој во Баерн се префрли од Тотенхем во летото 2023 за 95 милиони евра (според Трансфермаркт), ги надмина некои од најголемите напаѓачи на денешницата. За да постигне 100 гола му беа потребни само 104 настапи, со што за една утакмица ги помина досегашните рекордери Ерлинг Халанд и Кристијано Роналдо.

  • Хари Кејн (Баерн), 104 настапи, 100 гола
  • Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), 105 настапи, 100 гола
  • Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), 105 настапи, 100 гола
  • Луис Суарез (Барселона), 120 настапи, 100 гола
  • Златан Ибрахимовиќ (ПСЖ), 124 настапи, 100 гола
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Грем Потер не се прослави: Доби отказ и во Вест Хем!

Англискиот стручњак претрпе катастрофални резултати од почетокот на сезоната. Вест Хем го …