Дома Фудбал Луис Дијас: Имав разговори со Барселона, но сум среќен што го одбрав Баерн

Луис Дијас: Имав разговори со Барселона, но сум среќен што го одбрав Баерн

Луис Дијас го коментираше својот избор летово да се одлучи за Баерн Минхен наместо за другите кандидати за неговиот потпис, меѓу кои и Барселона. Бившиот напаѓач на Ливерпул премина за 70 милиони евра, а самиот се договори за поголема плата од таа во “Енфилд”.

„Имаше разговори со Барса, како и со сите останати за време на трансфер пазарот, со неколку тимови. Јас сум многу среќен со својот избор. Донесов објективна одлука за мојата иднина, а важно е што се приклучив на голем клуб. Значи, тоа е – треба да се обидам да го дадам сето што можам за Баерн од сега па натаму“, изјави колумбискиот напаѓач.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Тој беше среќен што на последниот натпревар од Лигата на шампионите против Челси на трибините на „Алијанц Арена“ имаше негови сонародници.

„Колумбијците секогаш ми даваат поддршка. Ги видов знамињата на националниот тим и мојот дрес, па сум многу среќен за целата поддршка. Многу сум среќен да бидам дел од овој велик клуб“, додаде Дијас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ги доведе во летото за 270 милиони евра: Веќе се размислува за нивната продажба?

Поранешниот играч на Ливерпул, Дитмар Хаман, ја изненади јавноста со изјавата дека Ливерпу…