Дома Фудбал Млада ѕвезда на Манчестер Јунајтед „го спасува животот“ и го напушта тимот во јануари?!

Млада ѕвезда на Манчестер Јунајтед „го спасува животот“ и го напушта тимот во јануари?!

Иако летниот трансфер прозорец штотуку заврши, веќе се споменуваат трансфери за зимскиот, а овој доаѓа од Островот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Манчестер Јунајтед веќе некое време е „брод што тоне“ и работите во овој клуб не изгледаат воопшто добро.

По многу слабата претходна сезона, ни во новата не тргнаа подобро и веќе претпеа неколку болни порази.

Еден од нив е против Гримсби Таун кој по подобро изведување на пенали ги исфрли од ЕФЛ купот.

На зима се очекуваат уште неколку заминувања, а играчот кој е на излезната врата на Олд Трафорд веќе некое време е Коби Мејну.

Со доаѓањето на Аморим на клупата на Црвените ѓаволи, тој прилично падна во втор план, и своите шанси ги добива „капо-долно“.

Англиските медиуми сега пренесуваат дека Њукасл ќе започне со доведување на младата ѕвезда веќе во зимскиот трансфер прозорец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан е минато: Леао ќе бира меѓу два премиерлигаши!?

Португалската ѕвезда Рафаел Леао повторно се најде во центарот на вниманието откако со сво…