Дома Фудбал Не е чудно зошто не го бркаат: Познато колку пари би добил Аморим во случај на отказ

Не е чудно зошто не го бркаат: Познато колку пари би добил Аморим во случај на отказ

Рубен Аморим и покрај лошите резултати сè уште е шеф на стручниот штаб на Манчестер Јунајтед, а сега е познато колку би добил отпремнина во случај на отказ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рубен Аморим минатиот ноември седна на „жешката“ клупа на англискиот великан – Манчестер Јунајтед.

Неговата дебитанстка сезона не беше ниту малку забележителна и постигна еден од најлошите резултати во современата историја на овој клуб.

Во англиската Премиер лига заврши на очајно 15-то место на табелата, а последниот удар на неговиот тим го зададе Тотенхем Хотспур.

Сега се појави и една од причините зошто клубот се воздржува да му даде отказ на Аморим, а тоа е големата отпремнина што би му ја дале.

Имено, доколку го отпуштат во рок од една година од потпишувањето на договорот (1. ноември), би морале да му платат дури 12 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Цените на билетите се астрономски: Ова финале е најскапо во историјата на спортот!

Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина носи огромно возбудување, додек…