Дома Фудбал Инфлуенсерот вети дека ќе ја пушта косата додека Јунајтед не победи пет пати по ред – поминаа 345 дена (Видео)

Инфлуенсерот вети дека ќе ја пушта косата додека Јунајтед не победи пет пати по ред – поминаа 345 дена (Видео)

Франк Илет, инфлуенсер и навивач на Манчестер Јунајтед познат на Инстаграм како „The United Strand“, веќе повеќе од 11 месеци го извршува предизвикот во кој не се шиша додека неговиот клуб не забележи пет последователни победи во сите натпреварувања.

Предизвикот го започна на 5 октомври 2024 година и од тогаш секојдневно го бележи напредокот на својот профил. Во последната објава нагласи дека стигна до 345. ден, а Јунајтед сè уште не успеа да го постигне посакуваниот низ. Во меѓувреме, косата му значително порасна. Бидејќи живее во Шпанија, поради високите температури летните месеци претставуваа посебен предизвик.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Илет најави дека, кога ќе дојде до крајот на предизвикот, косата ќе ја донира за хуманитарни цели, меѓу другите на организацијата Little Princess Trust која изработува перики за деца заболени од рак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валверде ги врати славните европски вечери на Реал Мадрид

Со извонреден хет-трик на Федерико Валверде (20’, 27’, 42’), тимот на Реал Мадрид го пораз…