
НОВАК ЃОКОВИЌ (38) беше отворен и искрен после поразот во полуфиналето на УС Опен, каде што го порази Карлос Алкараз во три сета (6:4, 7:6, 6:2). Српскиот тенисер призна дека во моментов Алкараз (22) и Јаник Синер (24), водечките играчи на АТП ранг-листата, се еден чекор пред него.
„Изгубив три од четири Гренд слема во полуфинале против овие момци, па што да кажам, тие играат на високо ниво“, изјави Ѓоковиќ и појасни што се случи на теренот:
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„За жал, останав без енергија после вториот сет. Мислев дека имам доволно сили да му парирам и да го следам неговиот ритам во првите два сета. Но после тоа почувствував исцрпеност, а тој продолжи. Тоа се случи и оваа година и со Јаник. Натпреварите на три добиени сета против нив се посебен предизвик, особено во завршните фази на Гренд слем турнирите.“
„Задоволен сум од моето ниво на тенис, но сето тоа се сведува на физичката подготвеност. Како што реков по четвртфиналето, ќе направам се’ што можам за да го подготвам телото и да ја одржам таа форма колку часови и да биде потребно“, изјави Ѓоковиќ, кој сега има скор 5-4 против Алкараз. „Но тоа не беше доволно. Тоа е нешто што, за жал, во оваа фаза од кариерата не можам да го контролирам.“