Дома Фудбал Манчестер јунајтед во последна секунда избегна срам против Барнли (Видео)

Манчестер јунајтед во последна секунда избегна срам против Барнли (Видео)

Од 16:00 часот беа одиграни четири натпревари од третото коло на англиската Премиер лига. Манчестер Јунајтед, Борнмут, Евертон и Сандерленд славеа против Бaрнли, Тотенхем, Вулверхемптон и Брентфорд.

По срамното елиминирање од Гримсби Таун, играчите на Манчестер Јунајтед денеска имаа одлична прилика да се реабилитираат и барем малку да го вратат довербата кај навивачите.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


На Олд Трафорд, од 16:00 часот ги пречекаа новопромовираните премиерлигаши – Бернли, во натпревар во кој влегоа како големи фаворити.

По еден корнер изведен од Бруно Фернандеш, ударот го изведе Касемиро, но топката го погоди стативата. Одбиената топка удри во Кален (автогол), и тоа беше 1:0 за Црвените ѓаволи.

Десет минути по почетокот на второто полувреме, гостите од Бернли успеаа да изедначат. Стрелец беше Фостер, а асистенција даде Брун Ларсен.

Само две минути подоцна, Манчестер Јунајтед повторно дојде до водство. Далот добро го пронајде новото засилување на Црвените ѓаволи – Мбеумo, кој постигна гол за 2:1.

Славјето на клубот од црвениот дел на Манчестер не траеше долго, бидејќи Бернли уште еднаш се врати во игра со голот на Антони во 66. минута.

Кон крајот на натпреварот, беше досуден пенал за Манчестер Јунајтед. Капитенот Бруно Фернандеш ја презеде одговорноста и постигна гол од белата точка за конечни 3:2 и победа за својот тим.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Радост во Наполи, се враќа Лукаку

Ромелу Лукаку се приклучи на тренинзите на Наполи и постои можност да заигра во Суперкупот…